октомври 17, 2006

Смртта на совршената љубов


Последна ноќ. Последни погледи. Последни бакнежи. Последно водење љубов.
Зазвонав на вратата. Чекав во неизвесност, бидејќи не знаев кој филм ќе го гледаме. Ми отвори. Ах, тој мирис... STR8... му го купив за последниот роденден. Блескава насмевка. Ме бакна нежно и ми го растрепери срцето. Влегов во собата. Наместо филм, ме дочекаа безбројните запалени свеќи кои гореа во темнината. И аквариумот во ќошот. Тоа беше единствената светлина. Се погледнавме право во очи и го видов одблесокот од најблиската свеќа како догорува во неговите зеници. Ме фати полека за рацете и ме поведе до креветот. Во позадина тивко свири „I will always love you“. Бакнувајќи се легнавме на креветот и им се препуштивме на страстите. Се разбудив доцна во ноќта. Бев заробена во неговите прегратки и залепена до неговите усни. Го гледав како спие и го вдишував секој воздух кој го издишуваше. По некое време се разбуди. Ме погледна во очи и издивна. Не кажавме ни еден единствен збор, само силно се прегрнавме и двајцата заплакавме. Беше тоа постела послана со крвави солзи. И крвави траги од нашите срца. Станавме и повторно се прегрнавме. „Време е да одам“ му реков и ја распарав тишината меѓу нас. Не сакав да доаѓа да ме испраќа, знаев дека ќе ми биде потешко. Но, сакав да го имам и во последните мигови од таа ноќ.

Стигнавме пред вратата. Последната дестинација, последните моменти од нашата љубов. Застана пред мене, ми ги бакна двете раце и ме погледна. Таков искрен поглед не сум видела никогаш. Молчевме како мачка да ни ги изела јазиците. Молчевме и се гледавме. Мислев дека ќе се расплачам прва, дека машките не плачат. Но грешев. Му протече една солза низ образот, се` до устата. Ја избриша и ми рече дека било од ветерот. Но таа по неа и таа по неа и сите други солзи што следеа по нив го издадоа. Плачевме како мали деца, се гушкавме како најдобри пријатели, се бакнавме како најголеми љубовници. Нежен бакнеж... Неговите усни над моите.. Ги осеќам врелите солзи како се тркалаат по лицето. Како да траеше цела вечност. Го погледнав за последен пат, трудејќи се да ги игнорирам солзите. Сакав да го запаметам по насмевката и веселиот дух. Затоа и се насмевнав бришејќи си ги солзите. Да ме запамти по смеата и големата искрена љубов. Срцето ми плачеше додека велев збогум. Ја кренав високо главата и со горда насмевка го кажав, за мене најболното збогум. Зачекорив наназад, држејќи му ја раката полна со остатоци од солзите. Го пуштив и влегов внатре без да се завртам уште еднаш назад. Низ прозорот од собата го гледав како полека заминува и се губи во темнините на уличката.

Знаевме дека е тоа последна ноќ на нашата вистинска, неповторлива љубов, бидејќи наредниот ден се качив во автобус со табла Охрид- Љубљана и заминав далеку од него.


ноември 2005

9 коментари:

Rocka рече...

Ke me rasplaces i mene...
Nemoj vakvi raboti...
eh....

Prekrasno napisano, navistina, so srce i dusa.

немирната рече...

Ova e samo slika na mojata najgolema ljubov.. Sepak, fala :)

Анастазија рече...

И мене пак не ми е јасно..
Како може љубовта да била толку голема ако една разделба, разделба која покрај другото и не е „засекогаш“ да стави крај на неа?!
Нели во безусловната љубов постоеше и - едниот оди за добро на двајцата, се враќа, засекогаш заедно...
Хммм./..

немирната рече...

Е Анастазија, не се секогаш работите како што сакаме. Некогаш поради вакви или такви причини мораш да се откажиш од нешто во животот. Од нешто ќе се откажиш, за да добиеш нешто друго. А таа „една разделба“ како што ја нарекуваш ти, може да промени многу работи. Само уште ова ќе ти го кажам: не секогаш мора да значи дека ако врската не продолжи, згаснала и љубовта. Баш напротив, ова е доказ дека постои љубов иако врската не постои веќе и нема никогаш повеќе да постои.

Анастазија рече...

Е тоа е она што ме насмеа во целата приказна. Се сакате, ти идеш, он останува, ја завршувате врската засекогаш. Блах

немирната рече...

Епа ко не си го доживеала тоа, не можеш да знаеш како е и не можеш да коментираш за тоа..

Анастазија рече...

НОРМАЛНО дека не сум го доживеала. Јас се борам за да сум со оној кој ги љубам...

немирната рече...

Бори се и понатаму.. Се надевам нема да дојдеш во ситуација слична на мојава. Не ти го посакувам тоа...

Rocka рече...

Anastazija , potpolno si vo pravo, koga velis deka treba da se boris za onoj sto go sakas...
No doagaat momenti vo zivotot koga nemas izbor, mora da se predades, tazno e no taka e.

Nie sme idealisti, se drzime do nasata borba, no kojznae sto bi napravile da bevme na mestoto na Nemirnata togas...