февруари 08, 2007

Бура




Седам јас потпрена на масата
со поглед вперен кон прозорецот
и зјапам низ немирната олуја. 

А надвор, жив човек не можеш да видиш,
се скриле чиниш полжави во своите куќарки.

Низ светлината на грмотевицата
те видов тебе,
стоеше гол и незаштитен
пред погледот на моите очи.

Ми подаде рака, ме повика кај себе
и несебично ми го отстапи своето место
под стреата на неизмерното пријателство.

Лие дожд од небото,
паѓаат капки од срцата,
венеат солзи на лицата.

Гребка нешто на срцето
не дава да се отвори.
Таму, во еден дел од него живее
херојот над хероите
пријателот над пријателите
човекот над човештвото.
Се топли и си чмае
се надева дека никогаш нема да излезе.

И нема, се додека постои,
се додека го чувствувам,
се додека ме гребка.

 

3 коментари:

Rocka рече...

Се гордеам што те имам за пријател немирна, за тебе секогаш има место во моето срце.
Ке те гребкам се додека постои зборот, за да те подсетувам дека си секогаш добродојдена крај мене, под мојата стреа за да те заштитам од молњите и дождот ...

Анонимен рече...

.....She walks these hills in a long black veil
She visits my grave when the night winds wail
Nobody knows, nobody sees
Nobody knows but me...........

Анонимен рече...

.....She walks these hills in a long black veil
She visits my grave when the night winds wail
Nobody knows, nobody sees
Nobody knows but me...........